(ФОТО) Пукање во Њу Џерси! Уапсен бомбашот кој ги исправи Американците на нокти!

од desk3

Полицијата го уапси осомничениот за експлозиите во Њујорк и Њу Џерси, соопшти Телевизискиот канал NBC New York. 28-годишниот Ахмад Кан Рахами е уапсен во градот Линден, Њу Џерси по престрелка со полицијата. Пред неколклу минути новинарот од PIX11 News Ентони ди Лоренцо соопшти дека во близина на станицата во градот Елизабет во американската држава Њу Џерси, каде што претходно избувна експлозија и беа откриени уште неколку експлозивни направи, имало престрелка и објави слика на осомничениот, кој лежи на земјата.

1474300721-csug9jlxyaixgue

Претходно градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио соопшти дека осомничениот е Авганистанец со американско државјанство.

Како локално.мк соопшти во саботата во западниот дел на Менхетен избувна експлозија, при што настрадаа 29 лица. Еден пакет со рачно изработени бомби беше пронјаден во градот Елизабет во Њу Џерси. При обид да биде неутрализиран од робот-деминер, тој експлодираше.

Ахмад Кан Рахами ќе биде сослушан и во врска со инцидентот во Сисај Парк, каде во саботата експлодираше бомба.

Слични содржини