(ГАЛЕРИЈА) Кристијано Роналдо си отвори хотел во Лисабон

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо официјално отвори нов хотел во Португалија или поконкретно во главниот град на земјата – Лисабон.ca7514a031e5cc9784cf7593aad6224c

Фудбалерот на Реал Мадрид планира да отвори вкупно четири хотела со инвестиција од 54 милиони британски фунти.

Првиот хотел на спортската ѕвезда се наоѓа во неговиот роден град Фуншал на островот Мадеира, вториот се вика “Pestana CR7 Lisboa” и е во Лисабон, а третиот и четвртиот ќе се во Мадрид и во Њујорк.

Ова е хотелот на островот Мадеира; Слика: Getty Images

31-годишниот Роналдо очигледно одлучил да се обложи на хотелиерството по крајот на активната кариера во фудбалот.

Што се однесува до бутик хотелот “Pestana CR7 Lisboa”, тој е со 4 ѕвездички, располага со 82 соби и со еден луксузен апартман.

Цената за ноќевање со појадок во обична двокреветна соба со големина 18 квадратни метри започнува од 250 евра, а луксузните двокреветни соби со големина од 21 и 26 квадратни метри чинат меѓу 375 и 425 евра.

Видете го хотелот на Кристијано во португалската престолнина во галеријата.

 

 

Слични содржини