Голема евакуација во Флорида заради ураганот “Ирма”

од Vladimir Zorba
183 прегледи

 Ирма е на околу 485 километри од Мајами и се движи на запад со околу 20 километри на час. Се очекува ураганот утре изутрина да стигне до Флорида.  Властите во Флорида повикаа 5,6 милиони лица, над една четвртина од населението да се евакуираат пред налетот на Ирма. 

Поради ураганот “Ирма” во Флорида се одржува најголемата евакуација , која некогаш е преземена, пренесоа агенциите.

Таа опфаќа 20 окрузи на државата. Прогласена е вонредна состојба. Се очекува ураганот да стигне државата во саботата вечерта по локално време.

Најзагрозени се јужните области, населени од околу 6 милиони луѓе.

Нареден е евакуација за 5.6 милиони луѓе , што е 25 отсто од населението на државата.

Забавни паркови Disney World, Universal Studios и Sea World нема да работат од неделата до вторник.

Во државата Алабама исто е прогласена вонредна состојба.

Во меѓувреме во Куба беа евакуирани речиси милион луѓе поради приближувањето на ураганот. “Ирма” предизвика поројни дождови и поплави по источното крајбрежје на островската држава.

Ураганот повторно достигна највисока петта категорија, откако  са привремено беше ослабен до четврта.

  Амбасадата во САД создаде кризен штаб поради ураганот “Ирма” .

Флорида е трета американска сојузна држава според бројот на населението, со околу 21 милион жители.

Гувернерот на Флорида Рик Скот веќе неколку дена ги повикува жителите на државата, особено оние кои живеат во крајбрежните региони да се евакуираат.

– Тоа е бура, која може да ве убие, затоа тргнете и се од патот, изјави портпаролот на Националниот центар за урагани на САД.

Две нуклеарни централи во Флорида ќе бидат затворени поради Ирма. Компанијата оператор „Флорида пауер енд лајт“ соопшти дека ќе ги затвори централите „Тарки поинт“ и „Сент Луси“ пред ураганот да стигне на копното.

Ирма ги погоди Куба и Бахамите, како и источниот дел на Карипскиот регион, нанесувајќи катастрофални штети. Биланост на жртвите изнесува 21, но постои можност тој да се зголемува.

Ураганот Катја го достигна мексиканското крајбрежје кај градот Теколутла. Бурата е од прва категорија и е проследена со ветрови од 120 километри на час. Метеоролозите очекуват во следните 24 часа намалување на моќта на Катја.

Во Атлантскиот Океан ураганот Хосе се зајакна речиси до бура од петта категорија со ветрови со брзина од 250 километри на час. Хосе и е на 430 километри источно од северните острови Лијворд.

 Ураганот Ирми е посилен од “Харви” и најверојатно е најсилниот во Атлантикот за целата историја на метеоролошките набљудувања. Тој веќе доведе до невидени штети на Карибите. На островот Барбуда се уништени околу 95 отсто од зградите.

Слични содржини