“Готов е”! Слави цела Африка, диктаторот во паника: Мугабе сака да бега, но неговата сопруга не ја пуштаат

од desk2

Оставката на Роберт Мугабе по 37 години на власт, ширум Зимбабве е дочекана во славеничка и фестивалска атмосфера. Граѓаните спонтано излегуваат на улица, а војската со чија акција пред една седмица започнал падот на најдолговечниот африкански диктатор, стоела на страна и гледала како луѓето танцуваат и пеат. Зимбабве овие денови би требало да го именува новиот претседател, а судбината на стариот и натаму е неизвесна.

Мугабе во азил, Грејс пред суд?
Брачниот пар Мугабе и натаму е на раскошниот имот “Син кров”, луксузна резиденција во која војската ги држи во притвор веќе една седмица. Се претпоставува дека стариот Мугабе се подготвува за одење во азил во странство, додека неговата сопруга Грејс би требало да остане во Зимбабве, каде веројатно ќе и се суди, пишува Daily Mail.

“Еден од генералите му вети на Мугабе дека ќе може безбедно да ја напушти резиденцијата, но тие инсистираат дека Грејс Мугабе мора да остане и да и биде судено. Не знаеме што ќе биде понатаму. Тие се подготвени да му простат на стариот човек, но не и на неа”, рекол за британскиот весник изворот од обезбедувањето на поранешниот претседател.

Според зборовите на соговорникот на британскиот весник, генералите инсистираат Грејс да биде обвинета за перење на пари, илегално преземање на државен имот и мешање во државните работи.

Истиот извор тврди дека Мугабе е толку депресивен што не може да оди и дека се влече по земја.
“Грејс одбива да излезе надвор на чист воздух. Двајцата знаат дека дојде крајот и многу се депресивни. Најголема грижа им е што ќе се случи со нив и нивните деца”, рекол изворот кој додал дека Мугабе се исповедал кај својот свештеник и ги признал своите гревови.

Се слави ширум Африка
Славењето од престолнината на една од најсиромашните африкански земји се проширило и на другите градови во Зимбабве, но и други африкански држави. Граѓаните на Зимбабве кои избегале во Јужна Африка за време на деспотското владеење на Мугабе, спонтано се собрале на улиците на Јоханесбург.
“Ние сакаме да се вратиме во Зимбабве уште денес, утре. Многу сум среќен”, рекол 60-годишниот Никиве Кумало, еден од граѓаните кои со танц и песна славел на улиците на Јоханесбург.
Во Хараре се собрале неколку десетици илјади граѓани, пренеле локалните медиуми, кои денес на насловните страни го имаат исклучиво лицето на диктаторот со наслови како “Адиос Боб” или “Падна”.

Слични содржини