Градоначалникот Трајановски не чувствува одговорност по критиките

од Vladimir Zorba

koce

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски изјави дека не чувствува одговорност по упатените бројни критики.

Инаку, 20- лица го загубија животот, а 1.000 лица се извлечени од поплавените подрачја во невремето што синоќа го погоди скопскиот регион, беше соопштено по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, информира Телма.

– Повеќе од 15 часа сите институции на централно и на локално ниво се во борба за отстранување на последиците од катастрофата што ја зафати Скопје, катастрофа од невидени размери, нешто што не се памети долго време во Скопје – силни обилни врнежи со огромна количина дожд што направи несогледливи штети со жртви и која досега однесе 17 животи потврдени.

Пред почетокот на прес-конференцијата добивме информација за дополнителни тројца, што значи оваа бројка може да прерасне на 20, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Посочи дека донеле одлука Управувачкиот комитет да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и во тетовскиот регион.

Сите институции од почетокот на оваа непогода, потенцира, се во постојана активност во борба со оваа природна стихија и припадниците на МВР, специјалните единици и припадниците на Армијата на РМ, ДЗС, општините, Градот Скопје, Противпожарната единица, Министерството за здравство преку Итната медицинска помош и се обидуваат да помогнат на секој оној кој има потреба од помош.

– Досега над 1.000 граѓани беа извлечени, им беше помогнато од страна на сите институции, кои беа во многу сериозна, а добар дел од нив и во животно загрозувачка ситуација. Службите и институциите кои се на терен посебно МВР и Армијата се огромниот број луѓе кои ги извлекоа од загрозеното подрачје, помогнаа оваа катастрофа да не биде уште поголема. Единици на МВР и на Армијата го пребаруваат целиот терен со поддршка и од хеликоптери од рано изутрината, од шест часот, рече Тодоров.

Нагласи дека бил договорен почеток на една ваква систематска активност за прочешлување на целиот терен, за случајно да не има луѓе кои се заглавени и се се уште во животно загрозувачка состојба со интенција да им се помогне.

Тој упати сочувство до семејствата на сите кои претрпеа сериозна загуба и до сите граѓани на градот Скопје, кој е најпогоден од ова невреме и оваа природна катастрофа која го зафати градот.

– Во овој период сме фокусирани прво на пребарување на целиот терен и извлекување на оние кои се во загрозениот регион, потоа обезбедување сместување, храна, вода и испумпување на водата која е надојдена и ги има поплавено куќите. Договоривме да се отпочне веднаш со правење Комисија за проценка на штета која ќе оди паралелно како се расчистува теренот и се овозможува нејзините тимови да влезат, додаде Тодоров.

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Оливер Ромевски истакна дека се случил феномен кој придонел за катастрофата.

– Во момент на дување на ветерот со брзина од 70 километри на час атмосферската нестабилна маса застана и почна да истура огромно количество, буквално една водна бомба. На Зајчев рид измеривме 95 литри, а во Петровец имало само 5 литри на метар квадратен. Овој влажен бран ќе следи и денеска во попладневните часови. Се работи за многу воздушна нестабилна маса која не може да се прогнозира, рече Ромевски и ги повика граѓаните да ја следат прогнозата и да седат дома.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски рече дека најкритично било во општина Гази Баба, селата Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и делумно околните села.

– Веднаш се формира Кризниот штаб и почна да делува на терен. Се најде механизација која се зема од јавните претпријатија кои беа вклучени и од приватни компании. Десет градежни машини излегоа на терен. Противпожарната единица излезе со чамци и возила со цел што повеќе луѓе да се евакуираат и да се спасат што повеќе луѓе и материјални добра, посочи Трајановски.

Потенцира дека Град Скопје денеска ќе одржи итна вонредна седница на Советот на која ќе расправаат за состојбата која се случи и за она што треба натаму да се преземе и продолжуваат во координација со сите органи за натамошно справување со оваа криза.

Се заблагодари на градоначалниците од Република Македонија кои испратија своја помош во вакуум цистерни за испумпување вода, противпожарни возила, цистерни кои доставуваат вода за пиење. Рече дека Црвениот крст активно се вклучил во оваа акција.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски истакна дека се формирани два пункта: едниот во ОУ „25 Мај“ каде ќе се собира вода, храна, ќебиња кои ќе се дистрибуираат до одговорните лица назначени во нивните месни заедници, а вториот е прифатен и е во ОУ „Наум Наумовски Борче“.

– Планираме да обезбедиме одредена помош и за семејствата кои имаат загубено член на своето семејство, додаде Трајковски.

Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство, изјави дека со цел заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја посебно од заразни заболувања кои се очекувани во вакви состојби, одлучиле на Управувачкиот комитет да препорачаат населението од поплавените подрачја да не ја пие водата од локалните водоводи, сопствени водоводи, бунари бидејќи се очекува таа да биде загадена.

– Вода да се пие исклучиво спакувана, флаширана или вода од цистерни која веќе се дистрибуира. Да не го употребуваат зеленчукот од сопствените дворови бидејќи е поплавен и очекувано дека е загаден, а потребно е чиста вода за добро да се измие. Храната во фрижидерите онаму каде нема електрична енергија да не се употребува и да се исфрли. Да не се пуштаат малите дечиња во поплавените дворови да играат бидејќи водата во нив е загадена. Доколку учествуваат во санација на поплавените домови да носат чизми и ракавици со цел да го заштитат своето здравје. Доколку почувствуваат какви било здравствени проблеми овие денови, посебно пролив или повраќање да се обратат во најблиската здравствена установа, додаде Костовска./извор Телма

Слични содржини