Граѓаните на протестот пред Влада побараа чиста животна средина

од desk2

Неколку десетици граѓани ги поддржаа активистите за заштита на животната средина од Југоисточниот регион и протестираа денеска пред зградата на Владата, за да го искажат својот став дека се против изградбата на рудници.

– Се бориме за да ја зачуваме нашата животна околина, да обезбедиме сигурна и здрава природа за нашите деца и поколенија. Да се обидеме да дадеме апел до властите, кои и да бидат, кога и да бидат, да не ги туркаат работите под тепих и на сила. Парите не секогаш се единственото нешто за кое ние треба да се бориме – изјави активистот Зоран Велковски.

На забелешката на новинарите дека на протестот има мал број на луѓе, организаторите велат дека тие се собрале за да дадат солидарна поддршка, а главниот протест се случува во Валандово.

– Ова прашање е подеднакво важно за сите, бидејќи се дише истиот воздух и се јадат земјоделските производи од истата почва – рече Жана Живадиновиќ.

Доколку власта нема да ги послуша граѓаните, и нема да ја запре изградбата на рудниците, организаторите најавија омасовување на протестите.

Слични содржини