Груби: Албанскиот јазик ќе се официјализира во јануари

од desk4

Албанскиот јазик во јануари, следната година ќе се официјализира на државно ниво, тврди претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби, информира ТВ21.

По тринеделна дебата и разгледување на амандманите од страна на политичките партии, законот утре ќе се достави до претседателот на Собранието за конечно усвојување на второто читање.

„Посакувам тоа да се случи во текот на годината, но според реформската агенда, убеден сум дека кон средината на јануари ќе го усвоиме и на тој начин ќе го заокружиме Охридскиот договор и ќе постигнеме јазична еднаквост. Ќе затвориме едно важно поглавје кое произлезе од Охридскиот договор и војната во 2001 година“, вели Груби.

Првото читање на законот наиде на противења од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои реагираа со реплики и контра реплики. Според оваа партија, овој закон ја прави Македонија двојазична држава и понуденото решение се коси со Уставот на Република Македонија.

Во втората фаза се поднесени 91 амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Беса. Што се однесува до бојкотот од опозицијата, Груби рече дека тие треба да гласаат за овој закон, бидејќи, во спротивно, процесот ќе се одвива и без нив.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини