Груби – Кукан: Посветени сме на реализација на очекувањата на Брисел, очекуваме поддршка

од desk4

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби денеска во Брисел се сретнал и со европратеникот Едвард Кукан. Двајцата соговорници зборувале за актуелните случувања во земјата, владината коалиција, реформите и интеграциските процеси.

„За да се олесни интегративниот процес, ние како парламентарно мнозинство, потполно сме посветени за да ги реализираме сите очекувања од Брисел и очекуваме иста посветеност од нашите пријатели во Брисел“, изјавил Груби.

Кукан ветил поддршка во напредокот на интегративните процеси во Европската Унија и добивање на датум за почеток на преговорите.

Груби денеска се сретна и со европратеникот Кнут Фленкештајн.

Слични содржини