Еврокомесарот за проширување и за соседска политка, Јоханес Хан, доцна синоќа пристигнa во Скопје со комерцијален лет.

4938301430_cc3cc0f67c_z

Работната посета официјално ќе ја почне денеска, во 10.30 часот, на средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски.

По средбата со премиерот Груевски, се очекува Хан да присуствува на пленарната седница за Претпристапните преговори на високо ниво (ХЛАД).

Хан во текот на денот ќе се сретне со лидерите на политичките партии, со кои ќе разговара за напредокот во имплементацијата на Договорот од Пржино, а посетата ќе ја заврши на затворена средба со претставници на граѓанскиот сектор и на невладините организации.

Од канцеларијата на Хан во Брисел соопштија дека во агендата на еврокомесарот не е предвидена средба со новата специјална обвинителка, Катица Јанева, која беше именувана вчера во рамките на договорот од 15 јули од Пржино – постигнат и како резултат на директното посредување на Хан. Сепак, оттаму не ја исклучуваат можноста Хан „случајно“ да се види со Јанева во рамки на некоја од претходно закажаните средби.

 

МЕТА

Слични содржини