Во просториите на Собранието во четвртокот вечерта кога брутално беа нападнати пратеници од парламентарното мнозинство, новинари и вработени во парламентот, бил и Мунир Пепиќ, вработен Агенцијата за разузнавање, а поранешен вработен во Полициската станица „Бе-ко“, пишува Либертас.





Тој бил внатре со службено оружје и легитимација, иако не бил на задача, а службениот автомобил му бил паркиран кај Градска болница. Очевидци велат дека Пепиќ бил виден како го удира пратеникот Павле Богоевски.
