Иако се споменува во “бомбите”, судот не дозволи изземање на судијката Лидија Петровска

од desk3
144 прегледи

Кривичниот суд го одби барањето на барањето на СЈО за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по обвинителен предлог кој се однесува на седум службени лица од УБК осомничени за фалсификување на службена исправа.

pancevski
“Во однос на барањето за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по предметот на овој суд XXI К.бр.1905/16, поднесено од страна на Јавно обвнителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање.”-пишува соопштението на судот.
Како што наведе СЈО, постојат околности што предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавнообјавените незаконски прислушувани разговори.

Слични содржини