Откако минатата недела успешно го испративме Давид во следната емисија, а и го вративме Боби од Охрид во натпреварувањето, дојде време за новите настапи во живо.xfaktor-tekst_777992S0

Утре вечер (недела) емисијата ќе биде посветена на 60-тото издание на Евровизија. Но, ќе имаме можност да погледнеме две емисии, една утре и уште една во понеделник, во кои финалистите ќе треба отпеат по еден од најголемите евровизиски хитови.

Бидејќи на постоечките 11 финалисти ќе им се придружат уште четворица, во секоја од двете епизоди ќе отпадне по еден кадидат.

Да потсетиме, минатата недела се збогувавме со семејниот бенд „Инфинитас“, а преку гласовите на апликацијата „Вајлд карта“ на „Самсунг“ ќе ни се вратат и „Аднан и Тарик“. Сепак, во текот на емисијата беше одлучено да се вратат уште тројца кандидати, а таа одлука ја донесоа судиите кои решија тоа да бидат црногорското трио„Хајуеј“, Црногорецот Милан Букилиќ и нашиот Боби Мојсовски.

Слични содржини