Има цена за Роналдо, и таа не е 1 милијарда евра

од desk3

Уште во 2009 агентот на Португалецот, Жорже Мендеш најави дека ако некој клуб сака да го купи неговиот клиент, ќе треба да брои 1 милијарда евра!

“Марка” сепак откри дека раководството на Реал има малку пореална бројка, за која е подготвена да ја продаде суперѕвездата. Станува збор за 200 милиони евра, и ништо помалку. Реал ќе сака трансферна сума од 200 милиони евра, плус уште 200 милиони, кои ќе ги заштеди клубот од платата на Роналдо до 2021-ва, кога му истекува договорот. Така “Марка” пресмета дека Реал ќе ја добие 400 милиони, ако го продаде Кристијано во текот на летото.

Слични содржини