Како да не се здебелиме за време на одмор

од Vladimir Zorba

Кога сте на патување, на екскурзија или едноставно на одмор, сте склони да ја игнорирате здравата исхрана и физичката активност. Но според лекарите и диетолозите дури и неколку дена пропуст во режимот се во можност да ви ги упропастат напорите.Затоа за време на одмор треба да се обидете да почитувате некои правила, ако не сакате да ја зголемите масата. Тие се едноставни и нема да ги го „помрачат“ одморот.

Истражувајте го регионот пеш
Ако сте на море или на плажа можете да ги искористите предностите на можностите за прошетка. Направете си туристичка турнеја на регионот секое утро на гладно. Ако месноста овозможува качување – уште подобро! Тоа согорува повеќе калории.

Трчајте
Фитнес њнтериерот, на кој сте претплатени, не е во близина, но не очајувајте! Џогирањето е секогаш добра опција. За време на одмор, особено во странство, сме многу склони да се прејадуваме во стремежот да пробаме од сè што изгледа вкусно. Трчањето наутро е многу добра опција за горење на вишокот калории.
Држете се до здрава и хранлива ужина
Не заборавајте дека здравиот појадок е најважниот оброк во денот, на што спокојно може да фокусирате. Вечерата треба да е колку е можно посиромашна со калории и да се случува пред 19 часот.

Повторувајте си мали цели
Вежбајте по 20 минути на ден или трчајте околу половина час, возењето велосипед приквечер или прошетките низ месноста се прекрасен начин да останете секојдневно форма, додека всушност си одмарате.

Претворете ја хотелската соба во фитнес салон
Земете со себе прибор за вежби кои не зафаќаат простор и не тежат, на пример јаже за скокање, медицински ластичиња за енергетски вежби. Ако немате такви апарати, спокојно може да ја користите тежината на сопственото тело за вежби. Ова прави голема работа.

Држете се до посни јадења и зелени салати
Во нив има најмалку калории и така нема да ја зголемите масата нагло, додека сте на одмор. Пробајте и од месните вкусни гозби, но помалку. Нека нискокалоричните јадења се врвен приоритет.

Пијте многу вода
Патувањето, стоењето на плажа, прошетката, жегата – сето тоа е предуслов за дехидрација. За да ја надоместите пијте многу вода. Избегнувајте алкохол на плажа и во пладневните часови, бидејќи тој го дехидрира многу силно организмот. Избегнувајте ги и слатките сокови и газирани пијалаци, бидејќи тие носат премногу непотребни калории.

Слични содржини