153
Зорица Чавкова, ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој денеска беше приведен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, обвини дека на семејството не му било дозволено да му ги даде лековите на Чавков.
Чавкова вели дека рано утринава околу 5 часот полицијата упаднала во нивниот дом и направила претрес кој содржел безброј нерегуларности по што бил одведен нејзиниот татко Митко Чавков на сослушување во кривичниот суд.
– Мојот татко цел живот и кариера ги посветил во одбрана на својата земја, а сега е третиран како терорист – вели Зорица Чавкова за Курир.мк.