Кире Лазаров нема да игра со Данска!

од desk2

Откако го загуби дуелот со Чешка, а со него и шансите за полуфинале, Македонија нема многу резултатски мотиви за играње, па затоа Кире Лазаров нема да ризикува.

а Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.

Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, сам околку да ги изведува пеналите.

Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во наата репрезентација, Дејан Манасков.

Мечот Данска – Македонија се игра од 18.15 часот./sport1

Слични содржини