Легендата Фелпс си отиде од активниот спорт

од Vladimir Zorba

Една легенда си отиде. Спортист со најмногу медали во историјата Мајкл Фелпс ја напушти во саботата сцената со последниот златен медал од Олимписки игри. 28 медали, од нив 23 златни …

 

98641-felps-gi-zaseni-neverojatnite-uspesi-na-hozu-i-ledeckiОвие две бројки покажуваат колку е украсен Мајкл Фелпс. Сега на 31, тој заврши со конечна победа во штафетата 4х100 м комбинација пливање со тимот на САД. Конечен успех, кој става брилијантен крај на невидена олимписка кариера, започната  во Сиднеј во 2000 година и е завршена во Рио 16 години подоцна.

5006717 Откако “се пензионира” со крајот на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, следуваше брзо враќање кон базените по проблеми со законот и длабока депресија. Дел од минатото и алкохолот и дури дрогата го  компромитираат неговиот углед. Љубовта кон забавите му создава проблеми во 2009 година, непосредно по Олимпијадата во Пекинг, каде што тој заработува осум медали од златната колекција. Фелпс нема да влезе во водата во Токио во 2020 година Тој повтори прецизирајќи дека се подготвува за “вистинскиот живот” заедно со свршеница Никол и син Бумр.

На  историјата – Фелпс и го  донесе 1001-виот златен медал на својата земја во олимписката нејзина историја. 1000-рата беше постигнат од девојките во  4×100 една минути порано. / АФП

Слични содржини