Легендата на Барселона е на инаугурацијата на Вучиќ (фото)

од desk3
 Легендарниот фудбалер на Барселона Хозе Марија Бакеро допатува во Белград каде деснес ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, пишува Блиц. 
Бакеро стигна во престолнината на Србија поради пријателството со Вучиќ, а доаѓањето ќе го искористи за разговор со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија Славиша Кокезо како и за обиколка на Куќата на фудбалот во Стара Пазова.

Бакеро го носеше дресот на каталонскиот великан од  1988. дo 1996. година и за тоа време одигра 260 натпревари. Беше капитен на„блауграните“ со кој го освои Купот на европскиот шампион 1992 година.

Слични содржини