По истражувањето на 10 милиони пораки од 52 000 корисници на Фејсбук лингвисти открија за што најчесто пишуваат мажите и жените.4848837

Резултатите од истражувањето, извршено по методот на лексичка анализа, која се користи во компјутерската лингвистика, се објавени во списанието PLoS ONE. Најкористените од жените зборови се помеки, повнимателни и изразуваат сочувство. Додека мажите покажуваат агресивен вокабулар, карактеристичен за разгорливи дискусии и расправии. Истражувачите дошле до заклучок дека жените најчесто зборуваат за луѓето и нивните постапки. За возврат мажите сакаат да размислуваат за апстрактни концепти, а не за конкретниот човек и неговото однесување. Освен тоа, во своите пораки жените најчесто користат зборови и симболи поврзани со позитивните емоции (на пример, “возбуден”, “среќна”, “сакам”), со социјалните односи ( “пријатели”, “семејство”, “сестра”) , а исто и прилози за претерување ( “мнооогу”, “тооолкову” и така натаму).

Мажите пак користат зборови кои се поврзани со политиката ( “влада”, “даноци”, “политички”), со спортот и трките ( “фудбал”, “сезона”, “победа”, “судир”) и со специфични нешта ( пример снимање, музички инструменти или видео-игри). Со собирањето на добиените податоци, научниците дошле до заклучок дека јазикот на жените е потопол, а на мажите ладен.

Слични содржини