Локализиран пожарот кај местото Чашка, Скопско

од Vladimir Zorba

   Пожарот кај местото Чашка, во општина Ѓорче Петров кој избувна вчера, е локализиран и ставен под контрола. 

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека ангажираните два авиона во текот на вчерашниот ден направиле 7 налети, а утрово до 11 часот се направени уште 3 налети со два авиона. Дирекцијата за заштита и спасување има мобилизирано 25 лица од Републичките сили за заштита и спасување кои се на терен.

Од ДЗС наведуваат дека се во состојба на зголемена будност. – Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена во секој момент доколку има потреба да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на територијата на Република Македoнија, истакнуваат од ДЗС.

Слични содржини