Македонец загина во Србија, помагајќи на повредени во сообраќајка

од Vladimir Zorba

Четириесет и четиригодишен Македонец, кој живее во Германија, утрово загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Белград – Ниш, кај Алексинац.timthumb (1)

Тој излегол да им помогне на луѓето, кои биле повредени во сообраќајката, што ја предизвикал возач на „пежо 508“, исто така со германски регистарски таблички.

Македонецот кој се движел зад „пежото“, ја видел несреќата и истрчал да помогне. Меѓутоа на него налетал „мерцедес“ со унгарски регистарски таблички и го усмртил на лице место.

Слични содржини