Погледнете ги делата од изложбата „Гушни ја реткоста“ кои вчера беа изложени во Скопје, по повод Денот на ретки болести, а веќе денеска ќе бидат поставени и за публиката во Гевгелија.1959451_799296123490169_5687929700010778694_n

Публиката има можност да види 12 дела, на кои беа фотографирани исто толку јавни личности и луѓе со ретки болести, кои ја поддржаа иницијативата за подигање на јавната свест за ретките болести. Изложбата има за цел да се пренесе индивидуалната приказна на овие наши сограѓани, кои секојдневно живеат со предизвициите што ги носи животот.

Изложбата ја подготви платформата за активизам, „Лице в лице“, во соработка со „Холистик“, со поддршка на организацијата „Живот со предизвици“ и со Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија.

Фотографиите за „Гушни ја реткоста“ се на Томислав Георгиев, според концепти на Небојша Илијевски, дизајните ги направија Зоран Инадески и Ружица Мандичевска (Руки Чуки).
Стилист за изложбата беше Ирина Тошева, а задолжен за мејкапот беше Виктор Мирчевски.

11006447_799294630156985_6950624829902408955_n

Ви­ктор Ди­ми­три­јо­ски и Бу­бо Ка­ров
„Па­ла­чин­ки? Не, бла­го­да­рам“

Ви­ктор по сво­јот изг­лед и по сво­и­те ин­те­ре­си во­оп­што не се раз­ли­ку­ва од врс­ни­ци­те, но се раз­ли­ку­ва по не­што дру­го. Тој ни­ко­гаш во сво­јот жи­вот не про­бал чо­ко­ла­да, па­ла­чин­ки, сла­до­лед, оре­ви, јај­ца, со­ја, ме­со или бел леб. Од са­мо­то ра­ѓа­ње е на спе­ци­ја­лен ре­жим на ис­хра­на, ко­ја е иск­лу­чи­тел­но ска­пa. Не­мож­но­ста не­го­ви­от ор­га­ни­зам да се со­о­чи со вне­се­ни­те про­те­и­ни на во­о­би­ча­ен на­чин, го пра­ви нер­во­зен, бе­сен, агре­си­вен и плаш­лив од ме­ста со мно­гу лу­ѓе, а во од­ми­нат ста­ди­ум, бо­ле­ста фе­нил­ке­то­ну­ри­ја мо­же да до­ве­де до фи­зич­ка и до мен­тал­на ре­тар­да­ција.

11029505_799294633490318_6944113919890253262_n

Де­јан Ан­ѓе­ле­ски и Ин­ди­ра Ка­стра­то­виќ
„Пре­диз­вик“

Ото­ци­те на раз­лич­ни ме­ста на те­ло­то на Де­јан го пра­ват не­го­во­то се­којд­не­вие крај­но комп­ли­ку­ва­но. На­јед­но­став­ни­те по­те­зи мо­жат да би­дат ек­стрем­но болни, а во­о­би­ча­е­ни­те актив­но­сти – не­воз­мож­ни да се из­вр­шат. Не­кои од ото­ци­те мо­жат да би­дат жи­во­то­за­гро­зу­вач­ки, осо­бе­но тие на гр­ло­то или на рес­пи­ра­тор­ни­от тракт. Пр­ви­те зна­ци на бо­ле­ста ХАЕ мо­же да се ја­ват во дет­ство­то и/или во адо­лес­цен­ци­ја­та. До­се­га не е откри­ен лек за ова за­бо­лу­ва­ње за кое, иа­ко е ре­тко, по­сто­јат те­ра­пии за трет­ман, од кои, за жал, ни­ту ед­на не е до­стап­на во Ма­ке­до­ни­ја.

Ѓур­ѓи­ца Ка­е­ва и Бе­ни
„Си­ни ус­ни“
11024651_799294643490317_7373580195357742506_n

Кис­ло­ро­дот е лу­ксуз, ка­ко што ве­ли са­ма­та. И нај­мал фи­зич­ки на­пор, че­ко­ре­ње, ка­чу­ва­ње по ска­ли­ла, го за­ро­бу­ва зди­вот на Ѓур­ѓи­ца, а си­ни­те ус­ни се пр­ва­та при­друж­на по­ја­ва на оваа бо­лест.
Пул­мо­нал­на­та хи­пер­тен­зи­ја е те­шка, про­гре­сив­на бо­лест, ко­ја пр­во ја за­гро­зу­ва ра­бо­та­та на бе­ли­те дро­бо­ви, а по­тоа и на ср­це­то.
Ста­ну­ва збор за бо­лест што ги по­го­ду­ва ре­чи­си си­те во­зра­сти, а ле­ку­ва­ње­то е мно­гу ска­по.
Бо­ле­ста не из­би­ра во­зраст, мо­же да е вро­де­на или здо­би­е­на.

11025942_799294710156977_303424424800114027_n

Слав­че Шо­пов­ски и То­ни Зен
„Тре­пе­ре­ње“

На­ру­ше­на ко­ор­ди­на­ци­ја, тре­пе­ре­ње на ра­це­те и дру­ги не­кон­тро­ли­ра­ни дви­же­ња се пос­ле­ди­ца на Вил­со­но­ва­та бо­лест од ко­ја во Ма­ке­до­ни­ја стра­да­ат 15 лу­ѓе, а се по­ја­ву­ва ме­ѓу ше­ста­та и 12-тата го­ди­на од жи­во­тот.
Ор­га­низ­мот на Слав­че ме­сто да го исфр­ла ви­шо­кот ба­кар, кој кле­тки­те го ко­ри­стат за жи­вот­ни функ­ции, го та­ло­жи во цр­ни­от дроб соз­да­вај­ќи сло­бод­ни ра­ди­ка­ли, кои пре­диз­ви­ку­ва­ат проб­ле­ми на дру­ги­те ор­га­ни и на мо­зо­кот.
Тој не смее да спор­ту­ва, а пре­па­ра­ти­те што мо­ра да ги зе­ма не се на по­зи­тив­на­та ли­ста на ле­ко­ви, ни­ту, пак, се ре­ги­стри­ра­ни во зем­ја­ва.

10653489_799294726823642_2932587856653029673_n

Пе­це, Мар­та и Ви­кто­ри­ја
„Бенд“

По­ра­ди бо­ле­ста ФОП, му­ску­ли­те на Ви­кто­ри­ја се пре­тво­ра­ат во ко­ски и таа се­га е фи­кси­ра­на во опре­де­ле­на по­зи­ци­ја во сво­ја­та еле­ктрон­ска ко­лич­ка.
При Штрумп­фе­ло­ви­от син­дром, пак, му­ску­ли­те атро­фи­ра­ат, а та­ка дви­же­ње­то ѝ ста­ну­ва сѐ по­те­шко на Мар­та.
Овие пре­крас­ни де­вој­ки со кла­сич­ни ин­те­ре­си на ти­неј­џер­ки ја са­ка­ат му­зи­ка­та, по­сто­ја­но се на „Фејс­бук“ и на „Вај­бер“ и ужи­ваа во шмин­ка­ње­то и во пе­е­ње­то за за­ед­нич­ка­та, рас­пе­а­на фо­то­гра­фи­ја со Пе­це.

10981736_799294716823643_8498396943687350819_n

Ана–Ма­ри­ја и Ве­ра Ми­ло­шев­ска
„Гуш­ни ја ре­тко­ста!“

За­ба­ве­но рас­те­ње, на­ру­ше­на ко­ор­ди­на­ци­ја, ди­ше­ње, на­ма­ле­ни ко­му­ни­ка­ци­ски и ког­ни­тив­ни спо­соб­но­сти се ка­ра­кте­ри­сти­ка на син­дро­мот РЕТ, бо­ле­ста што го на­па­ѓа са­мо жен­ски­от пол.
Бо­и­те во се­којд­не­ви­е­то на Ана-Ма­ри­ја е те­шко да се за­мис­лат.
На­ши­ов свет, пак, низ неј­зи­ни­те очи, се чи­ни, е мал­ку по­пред­вид­лив. Не­за­ин­те­ре­си­ран, не­ин­фор­ми­ран, сту­ден. Ли­ца, ре­чи­си без­жи­вот­ни.
За приб­ли­жу­ва­ње на два­та све­та до­вол­ни се пре­гра­тка, пог­лед, раз­би­ра­ње.

10384121_799294760156972_8959337498367610827_n

Игор Пар­ма­ков­ски и Кри­сти­на Ар­на­у­до­ва
„Те раз­би­рам!“

Бол­ка, не­при­јат­ност и проб­ле­ми со ва­ре­ње­то на хра­на­та се глав­ни­те пос­ле­ди­ци што ги чув­ству­ва Игор со­о­чу­вај­ќи се со Кро­но­ва­та бо­лест, ко­ја се ма­ни­фе­сти­ра со вос­па­лу­ва­ње и со по­те­ку­ва­ње на ди­ге­стив­ни­от тракт. Нај­го­лем дел од симп­то­ми­те на оваа бо­лест го за­фа­ќа га­стро­ин­те­сти­нал­ни­от си­стем, од уста­та до кра­јот на де­бе­ло­то цре­во, но од па­ци­ен­ти­те се при­ја­ве­ни и симп­то­ми што вли­ја­ат на мо­зо­кот и на нерв­ни­от си­стем.
Се ве­ру­ва де­ка от­стра­ну­ва­ње­то на де­бе­ло­то цре­во е лек за па­ци­ен­ти­те со ул­це­ро­зен ко­ли­тис. Но, опе­ра­тив­ни­отза­фат е „лек“ отка­ко кон­вен­ци­о­нал­ни­те ме­то­ди на ле­ку­ва­ње не но­сат по­до­бру­ва­ње на со­стој­ба­та.

11017065_799294796823635_6128746780363220945_n

Мар­ко Новески и Ан­дреј Арсов
„Дај по­бр­зај!“

Долг и искр­шен е па­тот на ли­ца­та со ре­тки бо­ле­сти низ ла­ви­рин­ти­те во кои се бо­рат за ви­стин­ска­та ди­јаг­но­за, на ко­ја, по­не­ко­гаш, че­ка­ат и по не­кол­ку го­ди­ни.
На Ан­дреј, син­дро­мот на Ала­жил, бо­лест што ги за­фа­ќа жолч­ни­те ка­на­ли, цр­ни­от дроб, ср­це­то и дру­ги­те ор­га­ни, му бил ди­јаг­но­сти­ци­ран уште по пр­ви­те два ме­се­ца од симп­то­ми­те на бо­ле­ста.
Тој и Мар­ко низ сво­ја­та игра, што на са­мо­то ме­сто ја из­мис­ли­ја и ја на­ре­коа „Збун­ка“, по­ви­ку­ва­ат на ини­ци­ја­ти­ви за ед­на­ков ус­пех во ди­јаг­но­сти­ка­та на ре­тки­те бо­ле­сти.

11043203_799294813490300_1645382932466791293_n

Ива Пе­трев­ска и Да­ни Димитровска
„Ѕвончe во ме­ур од са­пу­ни­ца“

И сла­би­от до­пир, при­ти­сок, ма­ла­та по­вре­да или гре­ба­ни­ца се го­ле­ма за­ка­на за ко­жа­та на Ива, неж­на ка­ко ме­ур од са­пу­ни­ца. Нај­ма­ли­те актив­но­сти во неј­зи­но­то дет­ско се­којд­не­вие се при­чи­на за соз­да­ва­ње бол­ни ра­ни по те­ло­то, кои ба­ра­ат по­сто­ја­на гри­жа и пре­вр­ски, но че­сто е за­фа­те­на и слу­зо­ко­жа­та на вна­треш­ни­те ор­га­ни.
Во мо­мен­тов не по­стои офи­ци­јал­на те­ра­пи­ја за епи­дер­мо­ли­зис бу­ло­са.

10509530_799294840156964_2154653812809542093_n

Бо­јан Чун­де и Ре­бе­ка
„1:10.000“


Хе­мо­фи­ли­ја­та не мо­же да се пре­не­се ка­ко на­стин­ка би­деј­ќи нај­че­сто е нас­лед­на или на­ста­ну­ва со ге­нет­ска про­ме­на.
Ако се по­вре­ди, ра­на­та на Бо­јан не­ма да кр­ва­ви по­бр­зо, ту­ку по­дол­го од во­о­би­ча­е­но­то, по­ра­ди сла­би­от фа­ктор на ко­а­гу­ла­ци­ја на про­те­и­нот од­го­во­рен за згрут­чу­ва­ње­то на кр­вта. Бо­ле­ста се ја­ву­ва кај еден од 10.000 лу­ѓе и се ка­ра­кте­ри­зи­ра со дол­ги вна­треш­ни и над­во­реш­ни кр­ва­ве­ња.
Во Ма­ке­до­ни­ја има око­лу 300 ре­ги­стри­ра­ни ли­ца со хе­мо­фи­ли­ја.

11043167_799294890156959_5234831878076134293_n
Вес­на Але­ксов­ска и Та­ња Ко­кев
„Ди­стан­ца“

Са­мо мал­ку по­е­нер­гич­на пре­гра­тка бе­ше до­вол­на при­чи­на за по­ја­ва на скр­ше­на ко­ска или мо­дрин­ка на неј­зи­но­то те­ло.
Не­до­сти­гот од ен­зим до­ве­ду­ва до на­та­ло­жу­ва­ње на гоше-клетките во ор­га­ни­те и во ко­ске­на­та ср­це­ви­на. По­ра­ди тоа, ор­га­ни­те се зго­ле­му­ва­ат, а ко­ски­те се под­лож­ни на фра­кту­ри. Мо­дрин­ки, за­мор, не­све­сти­ца се се­којд­нев­ни воз­мож­ни симп­то­ми на ли­ца­та со не­тре­ти­ра­на бо­лест на Го­ше.
Вес­на пет го­ди­ни е на те­ра­пи­ја, има ста­би­ли­зи­ра­на со­стој­ба и во­ди со­се­ма нор­ма­лен жи­вот.

1959451_799296123490169_5687929700010778694_n
Огнен Јанески и Аземина Куртиши
„Вив­ну­ва­ње“

Азе­ми­на е прв па­ци­ент со ди­јаг­но­сти­ци­ра­на ре­тка бо­лест на Го­ше, ко­ја до­би со­од­вет­на те­ра­пи­ја од др­жа­ва­та.
Без неа, оваа бо­лест во крај­на­та фа­за го до­ве­ду­ва па­ци­ен­тот до со­стој­ба во ко­ја не мо­же да се дви­жи, со те­го­би и зде­бе­лу­ва­ња на цр­ни­от дроб, осте­о­по­ро­за и со пред­ви­ден кра­ток век на жи­вот.
На­вре­ме­на ди­јаг­но­за и со­од­вет­на те­ра­пи­ја, и жи­во­тот што бил за­гро­зен до­би­ва ра­ке­тен по­гон до­во­лен да ги до­стиг­не ѕвез­ди­те.

 

Фото: Фејсбук

Слични содржини