Мартин Шулц најави силна опозиција во Германија

од desk2
257 прегледи

Германските социјалдемократи имаат должност да одат во опозиција и да ги бранат демократските вредности на својата земја откако поддршката од граѓаните за таа партија падна на толку ниско ниво какво што не е забележано во поствоениот период, а екстремно десничарската партија АФД оствари успех на изборите, изјави денеска лидерот на СД, Мартин Шулц.

„Ние ја разбравме нашата задача – да бидеме силна опозиција во оваа земја и да ја одбраниме демократијата од оние кои ја доведуваат во прашање и ја напаѓаат“, рече Шулц.

Одделни конзервативци и други германски партии ја критикуваа СДП кога најави дека ќе оди во опозиција, само неколку минути по објавувањето на првите резултати од вчерашните избори.

Според официјалните резултати, демохристијаните освоиле 33 отсто од гласовите, а по нив се социјалдемократите со 20,5 проценти. На трето место се наоѓа АФД со 12,6 отсто, по кои следи Слободната демократска партија со 10,7 проценти. Левица освоила 9,2 отсто, додека Зелените освоиле 8,9 проценти од гласовите.

Слични содржини