Меј: Заедно ќе се бориме против руските активности

од Vladimir Zorba

   Велика Британија и нејзините сојузници ќе се борат заедно против активностите на Русија, кои претставуваат закана за меѓународниот поредок, изјави синоќа во Лондон британската премиерка Тереза Меј.

– Ќе ги преземеме неопходните чекори за да се спротивставиме на руските активности, изјави Меј во обраќање на банкет во лондонскиот Сити.

Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „се обидува информациите да ги претвори во оружје“.

Според Меј, Путин е вионовен за анексијата на Крим, за потткнување на судирите во источна Украина, за прекршување на редот во европскиот воздушен простор и за кибер шпионажа, вклучително и за мешање во изборите во неколку западни земји и за хакирање на податоци на данското Министерство за одбрана.

– Вие ја тестирате отпорноста на нашите демократии, истрајноста на слободните и отворени општества и посветеноста на западните земји кон алијансите кои не поврзуваат, му порача Меј на Путин, додавајќи оти се надева дека Русија ќе одбере „поинаков пат“

Слични содржини