Javna administracija, ministerstvo za finansii i  ministerstvo za obrazovanie i nauka
Министерството за финансии истакнува дека еврообврзницата е издадена во согласност со законите и постапката кои се применувале за издавање на претходните четири еврообврзници, стои во реакцијата од ресорното Министерство како одговор на денешното соопштение на СДСМ.

Сепак, се посочува, СДСМ продолжува со своите неосновани тврдења во однос на постапката за издавање на еврообврзницата со кои го нарушува и меѓународниот углед на земјата.

– Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството за финансии ќе поднесе соодветни тужби до сите инволвирани страни кои со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед, се вели во реакцијата од МФ и се подвлекува дека согласно Kривичниот законик, кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување на кривични дела. /МИА

Слични содржини