На Ставревски сега му е редот пред Анкетната комисија за прислушувањето

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

download

Како што најавија од македонското Собрание, на седницата на Комисијата треба да биде сослушан сведокот Зоран Ставревски, заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за финансии

Во Собранието денеска седници треба да одржат и комисиите за економски прашања и за здравство, како и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање, и Предлог на законот за дополнување на Законот за енергетика, поднесен од пратеници од опозицијата, исто така во прво читање.

Членовите на комисијата за здравство, пак, треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита во прво читање. 

Денеска во Македонскиот Парламент ќе се одржи и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, на која ќе биде претставена Национална платформа за сексуално и репродуктивно здравје на лицата со хендикеп.

Слични содржини