Спасувачите му даваат прва помош на дефанзивецот Алан Рушел кој се покажа прв преживеан во трагедијата.
Најмалку 25 лица загинаа во авионската несреќа во Колумбија, соопшти порталот “Ерлаjв”. Авионот летал за колумбискиот град Меделин од Боливија и припаѓал на боливискиот авиопревозник Lamia ( “Ламија”).
Според последните, но конечни податоци, 10 патници преживеале и се повредени. Авионот паднал во близина на градот Ла Унион, на летот имало 72 патници и 9 члена на екипажот.
Според првичните податоци причина за несреќата е недостиг на гориво. 27 од патниците се фудбалери и вработени од бразилскиот фудбалски клуб “Чапекоенсе” од град Шапеко, државата Санта Катарина.
Тимот летал за натпревар во вториот колумбиски град Меделин за натпревар со локалниот тим Атлетико Насионал во рамките на турнирот за јужноамерикански Куп. Претходно беше соопштено за финален натпревар од Купот, но тоа не се покажа точно. “Чапекоенсе” игра во Премиер лигата на Бразил, каде што го зазема 9-то место.
Меѓу преживеаните се стјуардесата , дефанзивецот на тимот Алан Рушел и голманот Данило Падил , соопшти колумбиската радио RCN. Двајцата фудбалери се сместени во локалната болница, таму се очекува да биде и повредената стјуардеса. Радиото наведува дека 27-годишниот Рушел е со скршен колк и повреда во главата. Кои се повредите на 31-годишниот голман и на стјуардесата засега не се кажува. Во исто време деветмина фудбалери од “Чапекоенсе” не се качиле на авионот и така ја избегнале трагедија. Очигледно тоа се резерви или повредени, кои не биле вклучени во групата за натпреварот. / ТАСС