Наследникот на Мугабе денеска ќе положи заклетва

од Vladimir Zorba

  Поранешниот потпретседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва денеска  ќе положи заклетва како шеф на државата, соопшти секретарот владејачката партија ЗАНУ-ПФ, Патрик Чинамаса, откако досегашниот претседател Роберт Мугабе поднесе оставка.

Претходно, шефот на пратеничката група ЗАНУ-ПФ Лавмор Мутаке изјави дека Мнангагва ќе положи заклетва во рок од 48 часа и ќе остане на функцијата претседател на Зимбабве до изминувањето на мандатот на Мугабе. Следните избори треба да се одржат до септември 2018 година.

Слични содржини