Бобан Павловски го фати крстот во Скопје, и доби доби икона, златник, лаптоп и други подароци

од Vladimir Zorba

 

Бобан Павловски од Охрид го фати Светиот крст во реката Вардар што денеска напладне од мостот кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. 

Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник, лаптоп и други подароци.

Пред големиот број граѓани г.г. Стефан порача дека верските празници треба да не потсетат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување за да можеме да создаваме дела достојни на нашето човечко и христијанско постоење. Со владиката  заедно беа и политичарите од власта.

Слични содржини