Умерено до значително облачно претпладне со повремен дожд почест во јужните и југозападните делови од земјата. Попладне облачноста ќе се намали и во северните делови од земјата ќе има и чести сончеви периоди.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

 пат мост

Во Скопје:Променливо облачно време, претпладне со повремен слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Дневната температура ќе достигне до 12  степена.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 39 Маврови Анови, 23 Лазарополе.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2): 17 Крушево, 16 Претор, 14 Дојран, 10 Охрид, 9 Битола, 7 Маврово, 6 Пожар, 4 Лазарополе, 3 Гевгелија, Пожаране, Струмица, 2 Прилеп, Скопје З. Рид, Тетово, Дебар, 1 Скопје Пет., Ѓуриште.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ0 Маврово, 1 Крушево, Лазарополе, 2 Берово, Претор, 3 Пожар, Тетово, 4 Пожаране, Охрид, Кр. Паланка, Ѓуриште, 5 Тополчани, Дебар, 6 Куманово, Битола, Прилеп, Виница, 7 Скопје, Д. Капија, 8 Скопје Пет., Штип, Дојран, Струмица, Гевгелија..

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Во земјава преовладува облачно и врнежливо време. Почести повремени врнежи од дожд има претежно во јужните и југозападните делови од земјата. Понекаде дува слаб променлив ветер.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од вторник следи период на променливо облачно и врнежливо време, а поинтензивни врнежи ќе има во средината на неделата. На крајот на работната недела врнежите најчесто ќе се од снег и пониски дневни температури.

 

Слични содржини