Oдложено е судењето за „Поткуп“, Заев бара снимките за овој случај да не бидат доказ во постапката

од desk2

На 27 ноември премиерот Зоран Заев и неговите адвокати на јавна седница во Апелацискиот суд ќе образложат зошто бараат изземање на снимките за случајот „Поткуп“.

Во Основниот суд Скопје 1 денешното рочиште е одложено за 25 декември. Заев замина од судот во 9,30 иако рочиштето беше закажано во 10.

Во изјавата за медиумите Заев појасни дека рочиштето е одложено поради тоа што предметот е во жалбена постапка во второстепениот суд. Апелацискиот суд ќе треба да пресече дали снимките објавени на Јутјуб ќе може да бидат доказ во постапката против премиерот./МКД

Слични содржини