Одлучни сме да избереме нов претседател на Собранието -Спасовски со сите одговори!

од Vladimir Zorba

Сите новинарски прашања интегрално за плановите на СДСМ:

П1: Што ќе преземeте доколку Трајко сега не го стави на дневен ред вашиот предлог?

Ние ќе инсистираме на нашиот предлог, бидејќи е согласно со Деловникот а кои чекори ќе преземеме понатаму, мислам дека не е соодветно сега да ги споделиме со медиумите, па потоа да правиме стратегија.

 

П2: ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека има план за инциденти и дестабилизација од страна на СДСМ, ваш коментар?

Дестабилизација на Македонија се прави во последните десет години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. И сега, оние кои ја срушија Македонија и институциите на системот, тие кои ја поделија Македонија по секаква можна основа е навистина неблагодарно сега да укажуваат дека некој бара дестаблизација на Македонија.

 

П3: Имате ли некој план за излез од ситуацијата?

Врз основ на Деловникот и волјата на мнозинството во Парламентот.

 

П4: Ве обвинија за нервоза и дека СДСМ ќе се обиде да направи грубо насилство во Собранието.

Вие гледате дека ние сме целосно релаксирани и при давање на предлогот заради тоа што овој предлог се заснова на Деловникот. Нервоза не покажавме ние, туку претседавачот на оваа седница, нервоза покажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што многу е тешко да одбивате предлог, односно да узурпирате место Претседавач за да не го ставите предлогот на гласање. Јасно е ВМРО ДПМНЕ дека не сака да види дека 67 пратеници имаат мнозинство во овој законодавен дом, и само тука може да се бараат изговорите, зошто се постапува на еден ваков начин на којшто се постапува. Инаку ако зборуваме за сценарија, мислам дека подобар сценарист од Трајко Вељановски, нема во ова Собрание, и тоа е докажано со судска одлука, на судот во Стразбур за рушење на човековите права на новинарите и медиумите со исфрлањето на седницата од Собранието на Република Македонија, тоа е нешто што е докажано, нешто што го покажува, грдото лице на владеењето на овој режим на владеењето во Република Македонија во изминативе 10 години. Така да на Македонија и е потребна стабилност, и на Македонија и е потребен напредок, на Македонија не и е потребно, повторно и повторно да бидеме заложници на судбината на еден или двајца, или ако сакате на една политичка партија и на група на граѓани.

 

П5: Дали досега имало ваков обид како вашиот денешен предлог?

Јас не знам дали имало досега или дали има некој ја искористил оваа деловничка можност, меѓутоа инсистирам како Пратеник во ова Собрание да овој мој предлог биде ставен на гласање во Собранието заради тоа што така пишува во Деловникот.

 

 

 

П6: Дали сте одлучни денес или утре да се избере претседател на Собрание? Дали конечно ќе има претседател?

Ние сме одлучни да избереме нов Претседател на Собранието на Република Македонија, и на тоа работиме.

 

П7: Дали и овој ваш предлог е дел од вашиот план за деблокирање на Собранието?

Овој предлог денеска е да преминеме на 4-тата точка од дневниот ред за да разговараме за избор на Претседател на Собрание.

 

П8: Дали 4-тата точка е вашиот предлог на 20 пратеници што го поднесе Шилегов?

4-тата точка на дневниот ред е избор на Претседател на Собранието на Република Македонија, ние имаме доставено предлог согласно одредбите од деловникот како 20 пратеници дека можат да достават предлог за претседател на Собранието. Со овој предлог денеска бараме врз основа на членот 78, став 2, да се изјасни Собранието дали да преминеме по работа од 4-тата точка од дневниот ред, притоа не ускратувајќи ја можноста за дебата и по 3-тата точка од дневниот ред. Значи, сите пријавени дискутанти ќе останат, сите пријавени за реплика ќе останата, ќе преминеме на 4-тата точка од дневниот ред ќе разговараме околу избор на претседател на Собрание, и повторно ќе се разговара за избор на оваа Комисија. Така да, манипулација груба е пред граѓаните на Република Македонија дека некој сака да им ускрати право на дебата, апсолутно тоа не е точно.

 

П9: Сакате да преминете на четвртата точка, но и тука пратенците на ВМРО-ДПМНЕ можат да се пријават за дискусија и да се повтори сценариото пак да се пријават 50 пратеници

Не го спориме ние, секое право на било кој пратеник или пратеничка група кое што е предвидено во деловникот, па така и дискусија по кандидатурата или по точката од дневниот ред за кандидат за избор на претседател на Собранието, веројатно повеќе луѓе ќе бидат заинтересирани да разговараме за суштинска тема. Знаете многу е бизарно да се борите 5 дена на координација да станете претседател на Комисијата за избори и именување, како што се бореше Илија Димовски, и денес да се бори 9 дена во Собранието да не стане претседател на таа Комисија. Значи, поголем апсурд од оваа ситуација, нема.

 

П10: Дали сте во контакт со ДУИ и дали се уште ја имате поддршката од сите нивни пратеници?

 

Ние побаравме продолжување на седницата и со 67 пратеници, побаравме и вчера продолжување на работа на Собранието после 18 часот, исто така. Така да најдобро е и овој предлог што го имаме денеска во Собранието ќе го покаже новото парламентарно мнозинство во Собранието, и мислам дека тоа клучниот момент, од тоа се плашат, да тие зелени копчиња којшто ќе бидат покажани на другата страна, а не на ВМРО ДПМНЕ.

 

П11:

Ако сме партнери којшто се договараме да формираме Парламентарно мнозинство, и сме го формирале, нормално е дека ќе имаме контакти, тоа не го правиме преку посредници, а најмалку преку ВМРО ДПМНЕ.

 

Слични содржини