Специјалците  го убија  и третиот терорист во “Сен Дени”, објавија вонредна вест  БиБиСи.

опсада

Опсадата на станот, во кој се забарикадирани терористите, меѓу кои по неофицијални информации е и “мозокот” на нападите во Париз Абделхамид Абауд, продолжува.

Метрото е суспендиран, областа е окупиран, во моментов таму влегуваат и воени единици.Пред некоја минути се разнесе и една теросритка која била опашана со експлозиви. Во станот заедно со Абауд биле петмина тешковооружени терористи, објавија американските медиуми.

Воени патроли  веќе се гледаат по улиците, заедно со тешко вооружени полицајци, кои отвориле оган во стан во париското предградие Сен Дени.

војска париз

Вече три  лица  се убиени во станот и, вклучувајќи ја  жената  која се саморазнесе . Има уште еден  човек кој сеуште се наоѓа во живеалиштето. За време на операцијата се повредени тројца полицајци. Извршени се и три притворања, но нема информации за идентитетот на уапсените.

4513838

Локален жител раскажа за АФП дека слушнал истрели. “Бучавата била  како од гранати, а потоа повторно почнале  истрелите”, раскажа тој.

“Слушнав оган од митралез”, рече од своја страна таксист. “Излегов од автомобилот, а маскирани полицајци дојдоа и ми рекоа веднаш да се тргнам “, раскажа човекот кој станал случаен сведок на спецакците во северното предградие,  и акцијата која започнала в зори. На локалните жители беше забрането да ги напуштаат своите домови, а сите продавници, училишта и други јавни места се затворени. Претходно беше објавено дека за време на специјалната операција во северниот дел на Париз е убиен случаен минувач. Мажот поминувал по улица кога се разгорело престрелка во северното париско предградие Сен Дени. По последните информации во регионот се слушнале 7 силни експлозии.

Според информациите на радио “Европа 1” операцијата веќе е завршена, а ситуацијата е мирна. Предградието во кое се случува  акцијата, е отцепена од полицијата, а според податоците на АФП на местото се наоѓаат француски војници . Полициските акции продолжуваат во неколку делови на земјата. Според агенцијата “Франс прес” видео овозможило на полицијата да утврдат  дека во терористичките акти учествувал уште еден човек. Така според последните податоци во париските атентати учествувале вкупно девет лица. По двајца од нив се трага.

Крвавото посетување по невидените терористички напади во срцето на Франција е 129 жртви досега – повеќето млади луѓе, граѓани на различни држави, повеќето Французи, 352-ца повредени 99 лица во критична состојба. / АФП, ТАСС

поврзани вести:

ВО ЖИВО ОД ПАРИЗ) Пеколот се отвори во “Сен Дени”! Терористка се саморазнесе со експлозив пред полицијата

ВО Живо од Париз ! Жестока престрелка ,фатен во заседа деветтиот терорист од Париз

Париз:Постоел и деветти напаѓач?

https://youtu.be/ZfIjVbvKsGA

Слични содржини