Во пресрет на вечерашниот прв меч од четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони меѓу Атлетико и Реал, во редовите на минатогодишните финалисти владее оптимизам.

pepe

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, потенцира дека неговиот тим не смее да ги повтори грешките од последните мечеви со градскиот ривал, кој има четири победи на шесте последни меѓусебни дуели.

– Овој натпревар ќе биде тежок за двете екипи. Не смееме да ги повториме грешките од претходните натпревари со Атлетико. Ако, во натпреварот влеземе од првиот миг силно и го покажеме она што го игравме лани, мислам дека ќе излеземе како победници, изјави Пепе за шпанскиот спортски весник „Ас“.

Повратникот во редовите на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, верува дека тренерот Диего Симеоне ќе го извлече најдоброто од сите играчи на претстојниот двомеч со градскиот ривал.

– Симеоне знае како да ја мотивира екипата и да ја подигне играта на повисоко ниво кога е најпотребно. Впрочем, тој и како играч беше таков. Тој знае да ни укаже на нашите најголеми слабости и знае како на најдобар начин да го коригира тоа, што ни дава дополнителен квалитет и пред се самодоверба, изјави Торес.

Инаку, Торес по враќањето во редовите на Атлетико Мадрид, одигра два натпревари против Реал, а постигна и два гола во осминафиналниот меч од „Копа дел Реј’’ со кои го елиминира „Кралскиот’’ клуб./MIA

Слични содржини