Собранието на Република Македонија ноќеска  се распушти согласно одлукта што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски   воопшто не ги стави на дневен ред оставките на министрите и замениците на СДСМ кои го побараа тоа , и по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница  изјави дека со тоа завршува мандатопт на актуелниот парламентарен состав.парламент клупи

– Бидејќи денеска завршува мандатот на овој парламентарен состав, би сакал на сите вас да ви се заблагодарам и да ви посакам во иднина, пред се, среќа и успеси како на личен така и на професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ многу тешки премрежја, но сепак успеавме сите заедно да реализираме и конкретни резултати во остварувањето на нашите стратешки определби, во градење на стабилна сегашност и подобра иднина. Јас лично како претседател на Собранието го изразувам моето задоволство и изразувам искрена надеж дека секој од нас без разлика на политичката припадност и на неговиот иден ангажман ќе продолжи да придонесува за добробит на Република Македонија и на сите нејзини граѓани, рече Вељаноски во кусото излагање.

Пратениците на СДСМ и на ДУИ не присуствуваа на седницата. И покрај нивното барање не беше свикана итна седница на која би биле контатирани оставките на нивните министри и заменици минстри што претходно во текот на денот ги поднесоа до претседателот на Владата за спроведување на изборите  Емил Димитриев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  веднаш по распуштањето оддржа пред коференција и соопшти дека опозицијата нема да оди на лажни избори, нема да учествува на 5 јуни

(ВИДЕО) Обраќање на Заев: СДСМ нема да учествува на уште едни криминални избори

– Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни избори и за принципот еден човек еден глас. Договорот од Пржино беше потпишан за тоа да се обезбеди. Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочисти, медумите не се реформирани. За нас зборот е збор. Не се откажуваме од принципите. Во име на тој збор и на тие принципи СДСМ нема да учествува на овие избори. Во изминатите месеци граѓаните на Македонија видоа и слушнаа дека ВМРО-ДПМНЕ не го почитува Договорот од Пржино за да го заштитат својот криминал. За да останат на власт продоложуваат со криминалот и корупцијата и не бираат средства – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го прекршува Договорот од Пржино и дека ги затвараат устите на сите кои мислат поинаку и ушите на сите за да не се дознае вистината.

– Нема да дозволиме да згасне последниот пламен на слободата и демократијата во Македонија. Ги повикуваме сите граѓани без разлика на политичка, верска и етничка припадност да ја зачуваме демократијата заради иднината на Македонија. Вистинската власт се граѓаните. Му порачувам на Никола Груевски дека нема да го згасне светлото на слободата и демократијата. Или Груевски или Македонија – рече Заев.

Инаку, претседателот на Парламентот Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена изјави дека  Собранието ќе биде распуштено и, согласно неговите надлежности, тој ќе распише избори за 5 јуни.

– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени. Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.

Со договорот од Пржино од јуни/јули 2015 година постигнат од четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со посредство на ЕУ и САД, беше договорено изборите да се одржат на 24 април, но оваа одлука беше сменета на предлог на ДУИ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не гласаше иако бараше одложување на изборите, поради како што наведуваа неисполнување на условите за фер, демократски и кредибилни избори. Одложувањето на изборите беше поддржано и од амбасадорите на САД Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав.

За овој датум меѓународната заедница излезе со став дека работите според пржинскиот договр се почнати но воопшто не се завршени,  и дека треба да се дозавршат  како услов за кредибилни избори, па потоа да се оди на избори. Орав и Бејли  посочија дека тие нема да решаваат за тоа туку за таа опдлука само избори веднаш или првин реформи па избори, одговорност ќе си сносат парламентот и граѓаните на Македоннија.

Слични содржини