Пет сообраќајки во Скопје, три лица полесно повредени

од Vladimir Zorba

 

Пет сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа во Скопје. Во три од нив три лица се здобиле со полесни телесни повреди, а во две е констатирана материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала 10 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а еден возач е исклучен од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол.

Санкциониран е и еден возач кој не отстапил првенство на минување на возилата во зона на крстосница, 17 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 47 возила.

Слични содржини