Почина пејачката Љупка Димитровска

од Vladimir Zorba

ljupkadim73e461

Пократко боледување почина македонската пејачка Љупка Димитровска-Калоѓера, која многу години живееше и работеше во Хрватска.

Родена е на 25 јули 1946 година во Скопје, а се до нејзината смрт живееше и работеше во Загреб. Беше една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија.

Нејзиниот прв албум „Ljupka“ беше издаден во 1975 година. Некои од најпознатите нејзини хитови ги вклучуваат песната „Adio“ и „Tvoja barka mala“.

Во 1968 година се омажи за композиторот Никица Калоѓера со кого беше во брак се до неговата смрт во 2002 година. Ја имаа ќерката Ника.

Слични содржини