Почна протестниот марш за одбрана на името во организација на движењето „За заедничка Македонија“

од Vladimir Zorba

  Движењето „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје одржува протест „за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“.

Протестот почна пред мисијата на Европската унија, а оттаму поддржувачите се движеа по булеварот „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Во првите редови можеше да се забележи и владиката Агатангел.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огради од овој протест, односно порача дека не се организатори.

Поради протестот, сообраќајот е блокиран во центарот на Скопје

Слични содржини