Поддржувачите на Касами во Тетово протестираа пред амбулантата на пратеникот Кахремани, избран од „скопаскиот погон„ за в.д. престедател на Беса

од desk4

Кахремани неодамна, од „скопскиот погон“ на Движењето беше назначен за вршител на должноста претседател на БЕСА, до Конгресот предвиден за 24 февруари.

Демонстрантите притоа побарале од него да се откаже од пратеничкиот мандат, а на транспарентите кои ги држеа во рацете, го нарекуваа предавник на движењето.

Иако протестот беше мирен, сепак, ординацијата беше чувана од голем број полицајци.

„Го повикуваме господинот Неџбедин Кахремани да ги почитува органите на партијата и да се позиционира на страната на претседателот Билал Касами, во спротивно нека поднесе оставка од функцијата пратеник на Движењето БЕСА“. – изјави еден од демонстрантите

Демонстрантите велат дека изјавата на Кахремани од пред неколку дена дека добивал закани од разни личности, ја нарекоа клевета.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини