Поради Ерусалим испалени ракети во Газа, гумени куршуми во Витлеем, повредени 43 лица

од desk2

Две ракети се испалени во појасот Газа од Израел, јавија израелските медиуми.

Сирените за ракетен напад се огласија во градот Ашкелон на југот на Израел и во израелските заедници северно од појасот Газа.

Границите на таа палестинска територија на брегот на Средоземното Море е главно мирна по разорната војна со Израел од 2014 година, а судири избиваат спорадично, наведува АП.

Ракетите се испалени додека траеја нередите на Западниот брег, во источен Ерусалим и на самиот појас Газа во знак на протест поради соопштението на претседателот ан Америка Доналд Трамп дека го признава Ерусалим како главен град на Израел.

Во Рамала израелските сили за безбедност користеа и гумени куршуми и солзавец во судирите со Палестинците. Меѓу демонстрантите има и жени и деца. Сите фрлаа камења на припадниците на израелските сили на безбедност. Исто така, запалено е и американското знаме.

Гумени куршуми користени се и во Витлеем, а хаос владее на улиците на Ерусалим, во делот во кој живеат Палестинци.

До сега потврдени се 43 повредени лица, а како што велат од Црвениот крст, повеќето повреди се од гумените куршуми. и солзавецот.

Протестите се прелеаја и во Јемен.

Во Ерусалим живеат 900.000 луѓе, меѓу кои 300.000 се Палестинци.

Имено, западниот дел на градот Израел го анектираше во 1948 година, додека источниот дел од градот го окупираше во 1967 година.

Палестинците пак имаат намера источен Ерусалим да го прогласат за главен град на својата идна држава.

https://www.youtube.com/watch?v=_EcR4Hj8exo

Слични содржини