Порака за Трамп, Ким беше тука: Кинескиот претседател итно ги пратил овие зборови во Вашингтон

од desk2

Кинеската влада го контактирала Вашингтон за да ги извести американските службеници за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на Кина, соопштила Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, рекла дека брифингот вклучувал и “лична порака од претседателот Кси до претседателот Трамп”, која му била пренесена на претседателот.

Таа не навела детали од пораката.

Севернокорејскиот лидер престојувал во неофицијална посета на Кина од неделата до вчера на повик на претседателот Кси Џинпинг, наведува “AP”, додавајќи дека станува збор за прва посета на севернокорејскиот лидер на една странска земја од стапувањето на должност од 2011. година.

Сандерс истакнала дека САД се во близок контакт со Јужна Кореја и Јапонија и дека најновиот развој на настаните го гледаат како “уште еден доказ дека кампањата за максимален притисок создава добра клима за дијалог со Северна Кореја”.

Ким ја посетил Кина на повик на Кси и тоа заедно со сопругата Ри Сол, како и највисоки советници.

Ким наводно му рекол на кинескиот лидер дека е отворен за дијалог со САД, вклучувајќи и потенцијален состанок со претседателот на Доналд Трамп.

Слични содржини