Потполно изгоре дом на самохран татко и неговите две деца

од Vladimir Zorba

Tатко со две деца остана на улица, откако во голем пожар целосно изгоре нивното живеалиште, објект на Македонски железници во кумановското село Речица. Семејството Стефановски од вчера живее под ведро небо, бидејќи огнот ја уништи зградата кој им беше дом, и целиот имот што со години го создавале.

„Изгоре сè што имавме. Целата покуќнина, облека, документите на мене и децата. Едното дете од 27 години ми е со посебни потреби, не знам каде ќе живееме понатаму. Овој објект беше нашиот дом, сега останавме на улица“, вели Момчило Стефановски, викан В’шка и самохран родител на две деца.

Пожарот го зафатил објектот на железничката станица во Речица вчера околу 14 часот, откако запалена сува трева во должина од 2 километри од селото Слупчане се проширила кон селото. Пожарот го забележале соседите и му се јавиле на Момчило, но додека тој пристигнал од градот со возило на противпожарната единица веќе било доцна. Пожарникарите се бореле со огнената стихија до 4 часот утринава. Во пожарот изгореле и околу 7 кубика дрва и мини столарска работилница, во која Момчило од хоби изработувал кафези и куќички за домашни миленичиња и го надополнувал скромниот семеен буџет. Во пожарот семејството останало и без десетината кокошки и исто толку мали кученца и две верверички кои ги чувале децата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини