Пороен дожд од утрово врне во битолско- пелагонискиот регион. Новите врнежи се уште поголема опасност за поплавената општина Новаци. Надлежните преку целата ноќ ги појачуваа насипите за Црна Река да не го поплави целото село Новаци. На помош во Пелагонија пристигаа војници на АРМ и пожарникари од Скопје, на терен е Кризниот штаб, а мештаните веќе поставуваа насипи и вреќи со песок пред своите куќи и штали.

Пристигнаа 15 пумпи од ЦУК и Министерството за транспорт и врски. Вклучени се и четири пумпи на пожарната единица од Битола и две со голем капацитет на град Скопје. Водата се испумпува од најкритичните точки. Исто така во акцијата веќе се вклучија и девет пожарникари од Скопје кои ги испрати градоначалникот Коце Трајановски како и триесеттина војница кои полнат вреќи со песок – вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Утрово беше одложено санирањето на патот Битола-Новаци, кој намерно беше откорнат за да се направи проток на водите на Црна да не одат кон селото Новаци туку кон полето. Од општината велат дека поправката на патот мора да се направи во најскоро време, бидејќи тоа е неопходно за жителите на околните села, како и за вработените на РЕК- Битола.

Инаку во Новаци веќе пристигнува првата хуманитарна помош од Србија, а Црвениот крст на Битола веќе доставува вода, храна и други потребни продукти за населението од поплавените села во општина Новаци.
Мета

Слични содржини