Пожар во скопското село Чашка

од Vladimir Zorba

 

  Пожарот кој избувна денеска во атарот на селото Чашка, општина Ѓорче Петров, се уште е активен. Гори борова и друга шума. 

Како што соопшти општина Ѓорче Петров, првите дојави за пожарот до надлежните органи стигнале околу 12 часот. Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница Скопје, ПС Ѓорче Петров, вработени од ЈП „Македонски шуми“ и вработени од комуналните единици од општината. Во моментов во гаснење на пожарот се вклучени и авионите канадери.

– Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот, но поради променливиот ветер огнената стихија се појавува и на други места, соопшти општина Ѓорче Петров.

Слични содржини