Предлози за името: Нова, Северна,…до името Македонија!

од Vladimir Zorba

Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија, Република Горна Македонија и Република Македонија / Скопје /. Ова се предлозите на меѓународниот медијатор во спорот околу името на Република Македонија меѓу властите на Скопје и АтинаМетју Нимиц

Предлозите  официјално ниту се потврдени ниту демантрани , а беа обелоденети од македонскиот новински портал мкд.мк само неколку часа по завршувањето на преговорите меѓу македонската и грчката делегација во Њујорк во присуство на Нимиц.

Преговарачи беа,од македоснка странаамбасадорот  Васко Наумовски и грчкиот  Адамантиос Василакис.

Скратена верзија на името, кое може да се користи е – Nova Makedonija, Severna Makedonija, Vardarska Makedonija ili Gorna Makedonija , ги даваме имињата на латиница, кои без превод така ќе треба да се испишуваат во меѓународните односи .

Во однос на јазикот има два предлога “македонски” ( “makedonski”), или “official language of the Republika Severna Makedonija или Nova, Vardarska, Gorna.
Името што треба да се донесе ќе се користи и во билатералните односи и на меѓународно ниво, а максималистичкиот  приод приод на Грција е и за внатрешна употреба што значи ерга омнес -за секаде.
Македонската влада во оваа фаза само вели дека “се создаваат услови за да се придвижи процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, со оглед на евидентите  разлики “.

На се ова се гледа како на рамка  и позиции за кои треба да се раазговара.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитов, за изјавата на преговарачот за името Васко Наумовски, , кој излета со изјава дека понудентот е далеку од достоинствено решение, рече дека некои работи треба да се преспијат и одби да даде конкретен коментар.

-Ќе згрешам ако на брзоплетост ќе одговорам брзоплетост – рече Димитров, порачувајќи и на опозицијата „да не игра игри со ова прашање“.

За Васко Наумовски рече дека тој е предложен од претходната влада и е именуван од претседателот на Република Македонија.

-Наследивме и многу кои што не се кариерни дипломати, кои што се политички пратени од нашите претходници. Многу е лесно да се дигне раце, тешкото е и мислам дека нема поголема патриотска должност од сите кои сме вклучени да го туркаме процесот напред  -рече Димитров.

Димитров смета дека за Македонија ќе биде многу подобро да имаме опозиција со почесна визија за иднината на Македонија.

-Она што мене ме прави скептик е што ова прашање беше многу злоупотребено – рече Димитров, наведувајќи го наративот дека целата тригодишна криза била поради спорот со името.

Министерот ја објасни и разликата помеѓу предлог и рамка за името.

-За разлика од предлог, прво формата, кој што е дециден на пример за име кое што ќе се употребува во меѓународни организации. Предлогот главно предизвикува прифаќање или одбивање, во минатото често двете страни одбивале или едната прифаќала, а другата одбивала. Кај рамка е само повик страните фокусирано да разговараат. Има поголема флексибилност, не е до крај прецизна, може да има илустративни примери – објасни Димитров.

Тој порача дека треба да бидеме внимателни во изразувањето на очекувањата, бидејќи имаме одговорност за нашите постапки, за нашиот приод.

-Имаме одговорност да градиме што е можно поширок консензус. Консензус за што ни е важно и тоа да си го заштитиме – рече Димитров, но одби јавно да зборува за црвени линии.

Димитров рече дека  за секој политичар е најлесно да го остави така ова крупно прашање и да се биде херој. Промена на името би значело доколку ние немаме Македонија, а се друго дури и во ПЈРМ си постои терминот Македонија. Тој страв не треба да постои, кој е тој што може тие работи да ги загрози – рече Димитров.

Самиот Нимиц рече дека “ги дадов моите предлози на двете страни”. “Тие треба да ги претстават до нивните влади, кои треба да разговараат за нив и да одлучат дали ќе се донесе одлука”, рече Нимиц по разговорите во Њујорк.

 

 

Слични содржини