Премиерите пред суд! Заев и Груевски денеска влегуваат во судница!

од Vladimir Zorba

Почетокот на двете судења досега неколку пати беше одложувано, поради различни „оправдувања“.

Повторно  закажан почетокот на судскиот процес за насилствата во општина Центар во кој првообвинет е поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во исто време во  друга судница во истот суд, Основен суд Скопје 1, треба да се појави и актуелниот премиер и прв човек на СДСМ Зоран Заев за случајот „Поткуп”.

На случајот за шамарите во скопската општина Центар е  обвинителка  Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство, а го води судијката Татјана Михајлова . Фатиме по неколкутте одложувања на почетокот на судскиот процес минатиот пат побара и стражарно приведување на обвинетите.

Апелацискиот суд во Скопје и за овој случај дозволи прислушуваните разговори да се користат како докази, а од истите  разговори се слуша како Груевски нарачува насилства и кршење на општина Центар и шамари за тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.

Во случајот „Поткуп“ Заев е обвинет за барање поткуп, со експлоатираното видео „ едно за општината  другото за вицето, третото за црквата“ За овој предмет сѐ уште не е донесена одлука на повисоките судови за тоа дали снимките од посебните истражни мерки на Груевски , ќе важат како докази. Судијка во овој предмет е Дијана Груевска – Илиевска. Обвинетиот Заев вели дека се работи за монтирана и нецелосна снимка и бара да се објави целата снимка.

Слични содржини