Променливо облачно, со подолги сончеви периоди попладне

од Vladimir Zorba

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Кр. Паланка, Охрид, Гевгелија и Крушево.

Времето денес (23.10 2016 год.): Променливо облачно, со подолги сончеви периоди попладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Метеоролошки параметри за Скопје: T= 20 °C, P= 986 hPa, U= 58 %, V= 2 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на вете

 

oblachno-esen

 

НАЈАВА: Утре и во вторник ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и појава на слаба магла.

Во среда ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.

Позначителна промена на времето се очекува од четврток кога ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне, кога на планините ќе поминат во снег.

Ќе дува и умерен наместа засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурите.

Слични содржини