Советникот на избраниот претседател на САД Доналд Трамп Картер Пејџ пристигна во Москва. Во руската престолнина тој има планирани бројни средби преговори, соопшти РИА Новости.

“Ќе се сретнам со влијателни бизнисмени и идејни водачи”, изјави РИА Новости Пејџ. Тој прецизирал дека ќе остане во Москва до 13 декември.

Претходно Пејџ објасни дека на администрацијата на избраниот претседател на САД се потребни луѓе кои веруваат во потенцијалот на руско-американските односи. Тој смета дека дијалогот меѓу САД и Русија е невозможен ако нема доверба кон рускиот лидер Владимир Путин.

Претходно Картер Пејџ работел во Москва во локалниот огранок на инвестициската банка Merrill Lynch.Во јули годинава американски медиуми, раскажува за посета на советникот на Трамп во Москва, обрнаа внимание на тоа дека говорејќи пред студенти и новинари тој ја критикувал амуриканската политика кон Русија. Во исто време тајни служби на САД потврдиле дека следат што прави и зборува Пејџ.