Протераните руски дипломати заминуваат од САД

од Vladimir Zorba

   Руските дипломатии кои Вашингтон ги прогласи за непожелни денеска ќе ги напуштат САД и ќе се вратат во Москва, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

– Сите дипломати кои САД ги прогласија за „персона нон грата“ денеска ќе заминат од САД заедно со своите семејства, истакна Антонов.

Тој додаде дека од САД ќе заминат вкупно 171 човек, а руската Влада обезбедила два авиона за евакуација.

– Еден од авионите ќе се задржи во САД најмногу два до три часа и со 14 семејства ќе лета директно за Москва, наведе Антонов.

САД објавија дека протеруваат 60 руски дипломати – 46 од Амбасадата во Вашингтон, двајца од Генералниот конзулат во Њујорк и 12 од Руската мисија во седиштето на Обединети нации. Исто така затворен е и Рускиот генерален конзулат во Сител. Одлуката е објавена на 26 март, во знак на солидарност со британските тврдења дека Русија е виновна за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, што се случи на 4 март во Солзбери.

Русија возврати со протерување на 60 американски дипломати и затворање на Генералниот конзулат на САД во Санкт Петербург.

Слични содржини