Привремената ад хок комисија за следење на медиумското претставување на денешниот состанок не постигна консензус за избор на петтиот член.

Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, на денешната седница требаше да го изберат петтиот член, кој е потребен за телото да може да почне да работи.

agencija-audio-vizuelni1

Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото треба да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.

Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и на Законот за медиуми беа објавени во „Службен весник“ со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање.

Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски се четворицата членови на ад хок телото што ги предложија партиите и тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Димишкова и Чилиманов се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски на СДСМ.

МЕТА

Слични содржини